Долгот во 2017 година беше 4,7 милијарди евра, ако СДСМ остане на власт до крајот на годината ќе биде над 8 милијарди евра. За 5 години СДСМ ја задолжи државата колку сите влади пред нив заедно, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Моментално јавниот долг е над 7 милијарди евра, а по земањето на заемот од ММФ од 900 милиони евра и еврообврзница, тој ќе биде над 8 милијарди, што во проценти од БДП е над 70%.

За 5 години долгот е енормно зголемен без да има еден проект, ниту инвестиција.

Сите капитални проекти стојат во место. Нема Клиничка болница во Штип, ниту Клинички центар во Скопје. Автопатот Кичево – Охрид не може да мрдне од мртва точка, стои во партиското соопштение и се додава:

„Пет години СДСМ буквално ги помина во криминал и корупција. Државата не само што стагнираше, туку и изгуби чекор со регионот, каде забрзано се инвестира во инфраструктура.

Пет години државата тоне. Доколку СДСМ остане на власт долгот само ќе се зголемува, а инвестиции и раст воопшто нема да има. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро“.