Сме свесни дека без добра економија немаме добар развој и како држава но и како општество. Изминатиот период сведоци сме на една катастрофална политика од областа на економијата која што ја води СДСМ, Владата на СДСМ и таканаречениот економски тим кој што предвидуваше многу програми кои што за жал доживеаја комплетно фијаско во нивната имплементација, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средбата во Сојузот на стопански компри.

          Мора да учиме од грешките, мора да учиме од она што не чини, да влечеме искуство од сето тоа и се разбира да го корегираме и да го подобруваме.

Така што ВМРО-ДПМНЕ е подготвен. ВМРО-ДПМНЕ има изготвено економска програма која што знаеме дека ќе одговори на најголемиот дел од реалните потреби и проблеми на граѓаните.

Така што добро е секогаш да се слушне мислењето од реалниот бизнис и реалната економија. За да можеме и тој дел исто така да го подобриме онаму каде што се разбира ќе добиеме критика околу или одредена сугестија, или совет околу определени економски политики кои што ги подготвуваме.