И петтиот пакет на мерки на владата е неразвоен, крпи дупки и служи само за поткуп на гласачи пред избори. Вчерашните мерки на Заев не го помагаат бизнисот, и не отвораат нови работни места, дури не помагаат ни за задржување на актуелните вработени во фирмите, резултатот и до сега го гледаме над 55.000 луѓе изгубиле работа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Мерките на Заев не го помагаат ниту граѓанинот, туку само служат за поткуп во форма на еднократна помош.

Заев мерките ги претставува како милостиња, а не како обврска.

И додека Заев се обидува да манипулира со граѓаните, во Британија владата обезбедила 1.000.000 лаптопи и таблети за учениците. Кај нас ни трага ни глас од помош за најмалите.

Со Заев имаме само уназадување.

На удар е целата економија, само фирмите на Заеви вртат милиони“ – порачуваат од партијата.