СДСМ и Зоран Заев се причината што економијата во Македонија целосно крахира. Изминатата година во Македонија 52 илјади работници го изгубија своето работно место и својата егзистенција, нема странски директни инвестиции, животниот стандард секојдневно опаѓа, им се кратат пензиите на пензионерите, мали бизниси секојдневно се затвораат, Македонија стана најзадолжена земја, а само фамилијата на власт се богати и живее убав живот, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Прв пат економијата во државава влезе во рецесија, а криминалецот Заев и неговиот експертски тим мува не ги лази. Македонија стана социјална држава, не се инвестира во капитални инвестици, не се помага стопанството и за тоа се отпуштаат работници и се намалуваат плати. 2020 година е една од најтешките економски години во историјата на државата како заради пандемијата, но најмногу заради незнењето и неснаоѓањето на оваа криминална влада за успешно надминување на истата. Криминалната власт предводена од Зоран Заев се фали дека до сега преку пакетите за помош на економијата издвоиле една милијарда евра, но во пракса не е така. Само една третина од овие пари видоа бенефит стопанството и граѓаните, велат од партијата.
Додаваат дека СДСМ и функционерите на СДСМ милуваат да се фалат дека просечната плата во време на криза пораснала, но фактите не го говорат тоа. Се отпуштаат работници со минимална плата, или плата пониска од просечната и на сметка на овие отпуштања се зголемува просечната плата во Македонија.
Чист пример дека Зоран Заев и економските министри лажат за зголемувањето на просечната плата. Да кажеме дека постојат тројца вработени, од кои двајца земаат по 20 илјади денари и едниот зема по 10.000 денари. Значи вкупно имаме 50 илјади денари. Делено на три имаме 16.600 просечна плата. Ако работникот со најниската плата ја изгубил работата. остануваат оние со 20 илјади денари плата. Сега имаме, двајца враотени со по 20 илјади денари плата, кога ќе се соберат се добива 40.000 денари поделено на два се 20 илјади денари просечна плата. Дали на овие 2 работници кои и претходно зимале 20 илјади плата, сега им се зголемила платата? Само лаги и лажни ветувања од криминалецот Зоран Заев. Со оваа власт Македонија стана најнесреќната, најсиромашната и најкорумпираната држава во Европа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.