Владата континуирано се задолжуваа. Ваквиот тренд на задолжување е опасен, сметаат економистите, особено ако се земе фактот дека владата не ги троши парите за капитални инвестиции туку за сервисирање на плати и мерки кои не даваат ефект.
Според нив, дополнително загрижувачки е слабата реализација на капиталните трошоци кои според најновиот извештај на министерството за финансии за извршување на буџет изнесуваат едвај 44% заклучно со месец септември.
Исто така јавниот долг е зголемен и според извештаите на Светска банка се очекува искачување до 60 % од БДП што ја вбројува Македонија во високо задолжени земји.
Експертите сметаат дека огромните задолжувања кои не се насочени кон капитални и стратешки проекти можат да ја однесат државата во грчко сценарио. Инаку, владата само на почетокот на кризата се задолжи со еврообврзница од 700 милиони евра со каматна стапка од 3,675%
Comments are closed for this post.