Владата во саботата донела Уредба за критериуми и услови за прогласување кризна енергетска состојба. Со тоа се создадени правнипредуслови да може да се прогласи енергетска криза и рестрикции во снабдувањето на потрошувачите при што МЕПСО и ЕВН ќе можат да утврдат кои се приоритетни категории на потрошувачи на струја и да се овозможи нивно снабдување со електрична енергија.
МЕПСО пред десетина дена предупреди дека во повеќе наврати добиле предупредвања од Европскиот центар за пресметки, кој ги регулира односите меѓу националните електроенергетски системи, дека нашиот систем заради недостиг на домашно производство сериозно отстапува и нелегално презема туѓа електрична енергија. Таа енергија заради недостигот на производителот ЕСМ ќе мора даја плати МЕПСО откако пропаднал тендерот за набавка на струја што го распишал ЕВН – лиценцираниот снабдувач. Засега нема информации кои мерки ќе ги превземат МЕПСО и ЕВН. Уредбата е објавена во Службен весник бр. 246 на 2 ноември 2021 година.
Comments are closed for this post.