Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје потврди за позитивен резултат на антракс и информира дека се преземаат сите потребни мерки за превенција и се постапува високо стручно по најсовремени безбедносни протоколи. Согласно законските прописи, Факултетот ги известил Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за здравство, Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Центарот за јавно здравје – Скопје.
Факултетот во консултација со Универзитетската клиника за инфективни болести и по нивна препорака, а согласно утврдените протоколи за профилактички третман во случај на потенцијална изложеност на антракс, кај вработените кои биле изложени на контакт со мострата е индицирана профилакса, стои во соопштението.
Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, како што наведуваат во соопштението, нема вработени лица заболени од антракс.
Comments are closed for this post.