Фатмир Бесими, министерот за финансии, на денешниот прв ден од расправата за Предлог-буџетото за 2021 пред комисијата одговарајќи на реплика рече дека државата мора да го продава својот имот, бидејќи повеќе нема простор за големи задолжувања.

– Оние претпријатија кои ќе се понудат на продажба или како јавно-приватно партнерство сега претставуваат дополнителен товар за буџетот, а тоа значи помалку пари за развој. Формите како јавно-приватно партнерство и инвестициски фондови се нови начини на финансирање. Таков е и планот на Вархеи од 9 милијарди евра за Западен Балкан и привлекување на дополнителен финансиски капитал, рече Бесими од собраниската говорница, бранејќи го Предлог-буџетот за 2021.

Министерот тврди следната година растот и развојот нема да може да се финансира само преку задолжување.

– На среден рок треба да имаме добра стратегија за фискална консолидација. Одредени јавни претпријатија се само дополнителен товар за буџетот, а од друга страна имаме  јавниот долг кој не треба да се зголеми, смета Бесим