Владата денеска одржа свечена седница на која комесарот за соседство и проширување на Европската комисија, Оливер Вархеји ги презентираше Годишниот извештај на Европската комисија за нашата земја и Економско-инвестицискиот пакет на ЕУ за Западен Балкан.
На почетокот на свечената седница премиерот Заев нагласи дека посетата на комесарот Вархеји се остварува во исклучително значаен момент за земјата, во година кога станавме членка на НАТО и во период кога се очекува усвојување на Преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ и закажување на првата Меѓувладина конференција помеѓу ЕУ и Македонија до крајот на годинава, за време на германското претседавање со ЕУ.
Ние сме уверени и подготвени дека можеме да го изодиме тој пат и во иднина да придонесуваме за единството и развојот на ЕУ како глобална сила во светот“, рече Заев во поздравната реч.
Вчера Европската комисија го објави Годишниот пакет за проширување, кој го вклучува годишниот Извештај за процесот на пристапување на земјата во ЕУ, како и Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан, како два исклучителни важни документи за ЕУ агендата на Македонија.
Comments are closed for this post.