Се наоѓаме на трасата на она што требаше да биде брз експресен патен правец Градско – Прилеп. Но, од тоа што го гледаме тука нема никакви градежни активности односно власта, министрите и покрај тоа што многу пати најавуваа и сегашниот и поранешниот министер дека овој патен правец ќе биде завршен во 2020-тата година, но тука нема никакви градежни активности.
Лагите, корупцијата, криминалот и неработата е одлика на министрите во оваа Влада, вели Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Георгија Сајковски.
Тој вели дека од терен можеме да види дека од брз патен правец, од експресен пат нема ништо тука и се е оставено во заборав на времето.
Апелираме до министерството, до властите, до Владата да не ги лаже, да не манипулира со граѓаните. Бидејќи како за криминал, како за корупција така и за несработена работа се одговара.Потрошени се огромни средства, пари, но за жал денеска не може да видиме дека тука постои експресен пат.Оштетени се граѓаните од овој регион. Наместо да има брз проток на стоки и услуги, денес имаме руиниран пат за кој што се потрошени средства, а ништо не е сработено.Драги господо од власта освестете се и мора некој да одговара за ова што ништо немате сработено.
Comments are closed for this post.