Исплатата на февруарските пензии ќе почне утре, 25 февруари, а заради заштита на пензионерите од ковид-19, а подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
-За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25.02.2021 година (четврток);
-За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 26.02.2021 година (петок);
-За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2021 година (понеделник); и
-За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.03.2021 година (вторник).
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите може да располагаат од утре, 25 февруари. Тие може да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
Од МТСП апелираат до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.
Comments are closed for this post.