Премиерот Христијан Мицкоски најави дека сите вработени чиј работодавач е Владата, регрес за годишен одмор, односно К-15 ќе добијат кон крајот на ноември или почетоко на декември.
Во ребалансот на буџетот иако тоа во основниот буџет не беше предвидено, во ребалансот на буџетот се предвидени околу милијарда денари за исплата на К-15 која што е законска обврска на сите работодавачи и оваа законска обврска Владата како работодавач најголем има намера да ја заврши некаде кон крајот на ноември, почетокот на декември затоа што, знаете, согласно Законот е потребно минимум шест месеци стаж да имате за да го исполните правото да бидете примател на К-15, така што ќе овозможиме на поголем број наши сограѓани коишто во меѓувреме ќе се стекнат со работно место да може да добијат К-15, така што околу милијарда денари коишто не беа предвидени во основниот буџет со ребалансот се предвидени некаде 83 до 84 илјади вработени чии што работодавач е Владата ќе добијат К-15 крајот на ноември, почетокот на декември месец, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.