Со месеци овоштарите од Преспа молат за помош и поддршка од неспособната Влада на СДСМ и министерот Николовски, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакна членот на ИК на партијата, Цветан Трипуновски, поради негрижата на Владата за овоштарите, повеќе од 50.000 тони квалитетни јаболка ќе бидат фрлени во отпад, а со тоа и трудот и маката на вредните земјоделци од Преспа ќе биде залуден.
Луѓето молат за помош, а министерот за жал не наоѓа време да ги удостои за да најде решение за пласманот на брендот Преспанско јаболко. Патем оваа Влада им ветуваше и на јаболкарите, но и на сите земјоделци дека ќе им отвори пазари и откупувачи кои ќе се тепаат да го откупат нивниот род. Ни пазари отворија ни откупувачи донесоа, а земјоделците и овоштарите сега се оставени сами со своите маки. Од тоа што Министерот Николовски шеташе по светот со народни пари гледаме дека нема никакво фајде за земјоделецот, па сега имаме потрошени пари за неговите прошетки и истовремено земјоделство кое е клекнато на колена – изјави Трипуновски.
Како што истакна Трипуновски, за да се спречи да пропадне зпоменатото количество јабочка, неопходно е што побрзо да се најдат пазари за јаболката и да се најдат пари за откуп на преспанското јаболко и редовно да се испкаќаат субвенциите.
Comments are closed for this post.