Винарската визба „Тиквеш“ денеска соопшти дека ги исплатила сите обврски кон лозарите за откупеното грозје од минатогодишната берба.
Винарницата на индивидуалните лозари и на правните лица, без капитално поврзаните субјекти, за преземеното грозје од 2018 година им исплатила над 345 милиони денари. Откупените количини грозје надминале 28 милиони килограми.
Во бербата 2018 откупивме квалитетно грозје од дури 36 сорти што ќе ни овозможи да продолжиме со иновациите во нашето портфолио. Ова е од особено значење за понатамошниот деловен развој. И годинава, во предвидениот рок ги исплативме финансиски нарочните обврски кон лозарите, изјави генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.
Од „Тиквеш“ посочуваат дека низ годините развиле долгорочна соработка со лозарите, физички и правни лица со постојана едукација и поддршка при примена на современи агротехнички методи и практики во одгледување и заштита на лозови насади.
На лозарите кои ги почитуваат ваквите стручни совети и упатства „Тиквеш“ им го гарантира откупот на грозјето со висок квалитет и им обезбедува дополнителен бонус при исплатата на грозјето.
Comments are closed for this post.