Кредитната агенција „Фич“ го потврди водењето на успешна фискална политика, посочувајќи ги реформите во системот на јавните финансии како пензиската реформа, системот на јавни набавки и фискалното правило за општините, вели министерот за финансии Драган Тевдовски. Денес кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија ББ, откако минатата година го подобри изгледот од позитивен во негативен.

 Кредитната агенција Фич го потврди водењето на успешна фискална политика. Главно тие ги истакнуваат реформите во системот на јавните финансии, притоа ставајќи акцент на реформата во системот на јавните набавки, пензиската реформа и фискалното правило кое беше поставено на општините. Реформите заедно со стабилизацијата на политичката состојба, „Фич“ посочува дека ја оживуваат економската активност и во извештајот е многу јасно потенциран позитивниот придонес кој се очекува од асфалтираниот пат во НАТО. Ние нема да застанеме тука. За нас е важно да продолжиме со спроведување на реформите – вели Тевдовски.

Како што се наведува во извештајот на „Фич“, напредокот во решавањето на проблемот со името со Грција, ќе го асфалтира патот на Македонија кон членство во НАТО и ќе го поддржи почетокот на формални преговори за членство во ЕУ.

Фич констатира дека подобрената политичка стабилност влијаела за закрепнување на економската активност. Се оценува дека растот на БДП ќе забрза од 2,3% во 2018 на 3,2% во 2019 година и 3,6% во 2020 година. Се забележува и дека се имплементираат подобрувања во управувањето со јавните финансии преку програма усогласена со ЕУ. Понатаму, Фич нотира дека државниот долг од 40,8% од БДП на крајот на 2018 според официјалните оценки е под медијаната на групата на слични други земји од 47%, додека гарантираниот долг изнесува 8,0% од БДП.