Белградскиот аеродром „Никола Тесла“ е меѓу 100-те најпрометни во Европа оваа година, според податоците на Меѓународниот аеродромски совет (АЦИ). Аеродромот во Белград го зазеде 94-то место со 2.612.981 патници, 27.879 поаѓања од јануари до јуни годинава.
Меѓу 200 најпрометните на континентот во текот на првата половина од годинава беа рангирани дури 11 аеродроми од поранешна Југославија.
Аеродромот во Загреб го зазеде 116-то место со 1.529.228 патници, додека аеродромот во Сплит беше 131-та најпрометниот аеродром на континентот во првата половина од годината.
Следат Дубровник на 134-то место, Скопје на 135-то, Приштина 136-та, Љубљана 146-та, Подгорица 166-та, Сараево 173-та, Тиват 175-та и Задар на 184-то место.
Comments are closed for this post.