Реализацијата на магистралниот гасовод во реонот на Тетовско достигнува 40 отсто и се очекува брзо напредување поради решените предмети поврзани со експропријацијата, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Изградбата на капитални проекти е врвен приоритет на нашата Влада. Во моментов се работи во сите сфери и во патната инфраструктура и во железничката и во гасоводната. Задоволен сум од динамиката на тоа што се случува со магистралниот гасовод. Динамиката на изградба на гасоводната магистрална мрежа од Скопје до Тетово и Гостивар оди добро. Ланската година беа решени голем број предмети од експропријацијата, што претставуваа сериозен проблем. Овој дел од гасоводот чини 29 милиони евра и реализацијата е околу 40 проценти, рече Сугарески.