Град Скопје, денеска го објави јавниот повик за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на печки на пелети. Повикот ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Со цел да ги стимулира граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови – печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, од Град Скопје информираат дека на граѓаните што имаат купено печки на пелети од 7 јануари 2018 година до денот на завршувањето на повикот, Градот ќе им надомести дел од трошоците за набавка на печката во висина од 70 отсто, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.
Оттаму известуваат дека јавниот повик ќе трае заклучно со 30 ноември 2019 година, или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.
Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства, Градот Скопје ќе ја информира јавноста на својата Интернет-страница дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.
Comments are closed for this post.