Малку ќе остане од пиперката „ајварка“ во Струмичко оваа сезона. И трговците и производителите велат дека ајварот годинава заминува во странство поради големата побарувачка и високите откупни цени, кои се движат од 18 за рефус и 27 денари за килограм прва класа црвени пиперки за ајвар.

Трговците информираат дека дневно се берат и се извезуваат околу илјада тони пиперки од Струмичко и Прилепско засадени на отворено и под пластеници.

Побарувачката е многу голема. Се извезува во Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Грција и во други земји. Покрај странците, големи количини откупуваат и домашните фабрики, вели Благој Витанов, откупувач од Струмица.

Производителите се задоволни од откупните цени на пиперката „ајварка“ и велат дека ако продолжи со вакво темпо да трае побарувачката, тогаш ќе се каат што не засадиле повеќе.