Фадил Бајрами повторно е именуван за вицегувернер на Народната банка на предлог на гувренерката Анита Ангеловска-Бежоска. Тој вчера дал свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Народната банка изразува задоволство што Собранието повторно со големо мнозинство го поддржа предлогот на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска – се наведува во денешното соопштение од Народната банка.

Бајрами беше избран за вицегувернер во рамки на 110. пленарна седница одржана на 31 август годинава.