СДСМ потроши три години без да преземе мерка за спречување на загадувањето. Зоран Заев најавуваше експресно почист воздух откако ќе ја преземе власта, и три години откако ја презема, ниту една мерка за спречување на загадувањето се нема спроведено. Мерката за субвенционирање на инвертер уреди за греење е дискриминирачка. Како прво мерката е достапна само за жителите на неколку градови, а како второ истата е наменета само за определен број на граѓани од тие градови, Изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.
Мерката за инвертери нема реална примена. Практично не можно е со еден инвертер да се загрее цел стан од поголема квадратура од некои 70тина квадрати. Дополнително мерката е крајно популистичка и е очигледен обид за добра бизнис зделка на поединци од власта. 10 милиони кои власта ги дава за субвенционирање ќе бидат профит за некој бизнисмен близок до власта, а граѓаните ќе ги имаат истите проблеми кои ги имаат и сега. Воздухот ќе биде загаден. Ако по три години на власт, Заев и Анѓушев како мерка против загадувањето на воздухот предлагаат половично решение, кое нема за цел ефикасно решавање на загаденоста, туку само популистички да ќарат поен плус кај граѓаните, тогаш ни е јасно дека не им се пиоритет граѓаните, туку ситните политички поени, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Comments are closed for this post.