Владата ќе организира наградна игра ,,Мој ДДВ, моја награда”.Мерката, како што соопштија од владината прес – служба, ќе генерира дополнителни приходи за граѓаните, а ќе ја спроведува Државната лотарија.

Наградната  игра ќе се организира  со собирање на фискални сметки. Играта ќе започне на 25 ноември и ќе трае 1 година, а државата за таа намена ќе одвои пола милион евра..

Министерката за  финансии  Нина Ангеловска играта ја претстави како надградување на мерката Мој ДДВ која, како што оцени, веќе дала резултати.

Право на учество во наградната игра сите корисници на апликацијата мој ДДВ..Во наградната игра Мој ДДв моја награда нема да може да учествуваат лица под 18 години. За оние од 15 до полнолетство и натаму ќе важи само скенирањето фискални сметки.

Инаку ова не е прв пат да се организира ваква наградна игра. Во 2014 година, тогашната влада имаше сличен проект кој се викаше „ Фискална во рака, награда без мака“.