Се што побараа угоститетлите од страна на Владата, како мерки и за зачување на работните места и да се спремни веднаш да почнат со работа им е исполнето, истакна денеска премиерот Оливер Спасовски одговарајќи на прашање дали ќе им се излезе повторно во пресрет на новите барања, а меѓу коишто и за дезинфекција на локалите што дневно ќе ги чинело 3.000 денари.

Спасовски очекувал да слушне од угостителите каков метод ќе направат за да нема сива економија, бидејќи, како што рече, меѓу 30 до 40 отсто во нивните објекти имало сива економија во изминатиот период.

-Мислам дека вакви предлози покажуваат оти освен личниот интерес не гледаат ништо подалеку, ниту на интересот на државата, ниту на зачувувањето на економијата така што очекувам предлог од угостителите како и на кој начин директно ќе ги врземе софтверите, државата и угостителите, и да нема сива економија во нивните угостителски објекти, рече Спасовски.

Прашан за Фондот за медиуми, како ќе функционира и на кои медиуми и колку ќе им се делат средства од овој фонд, Спасовски со одговор дека се уште нема никаков предлог до Владата.

-Мислам дека не е добро ниту на ниво на претпоставки да разговараме, треба да го видиме предлогот, којшто ќе биде доставен и врз основа на тој предлог после да разговараме и да видиме дали воопшто ќе има таков фонд, вели Сапсовски.