Советникот во министерството за финансии Бранимир Јовановиќ си заминува од функцијата. Тој ова го објави на Фејсбук. како причина не наведуува несогласувања туку смета дека треба да се посвети на семејството и блиските.

По скоро две години, се повлекувам од Министерството за финансии. Одлукава ја донесов уште пред некое време, но не сакав да ја објавам додека не поминат изборите. Имаше сѐ во овие две години, но сепак си заминувам со позитивни впечатоци. Бевме одличен тим и функциониравме навистина добро. Направивме доста работи, од кои најважна за мене е даночната реформа. Ги подобривме буџетските приходи, го намаливме дефицитот, го стабилизиравме јавниот долг. Кратко кажано – ги средивме државните финансии. Сега е време да им се посветам на нештата кои ги запоставив овој период – семејството, блиските, нештата кои ги сакам, напиша Јовановиќ.