Северна Македонија е одлична дестинација за инвестирање со одлична бизнис клима и услови за водење бизнис, како и квалификувана работна сила. Со влезот во НАТО се менуваат економските перспективи на земјата“, порача Министерот за финансии Драган Тевдовски на панелот на гувернери во Европската банка за обнова и развој од Западен Балкан.

Тевдовски: Со влезот во НАТО се менуваат економските перспективи на земјата

Тевдовски додава дека владата направила крупен исчекор во надворешната политика со решавањето на спорот за името, што и донело на земјата политичка стабилност. Исто така, се реализираат реформи кои креираат повеќе можности за граѓаните, особено за младите.

Ги зголемуваме инвестициите во образованието, здравството и социјалните услуги. Она што е од особено значење  е дека започнуваме нови проекти во образованието кои ќе го зголемат вработувањето на младите луѓе. Би сакал да го истакнам проектот за „дуално образование“, кој покрај стандардното средно образование ќе овозможи младите да се стекнат со вештини кај најдобрите странски компании во земјата, истакна Тевдовски.

Тој додава дека со ова ќе се подобрат способностите на младите со што ќе им се олесни процесот на наоѓање работа во иднина.

Заев: Северна Македонија нуди одлични услови за нови инвестиции

На прашањето, на дебатата на премиерите од Западен Балкан, кои се можностите за унапредување на регионалната соработка, премиерот Зоран Заев рече дека е создавањето регион на отворена и слободна трговија на добра, услуги и инвестиции кој исто така ќе претставува и наша подготовка за наше учество во единствениот пазар на Европската унија.

Затоа треба целосно да бидеме посветени на градење на доверба и регионална соработка во инвестициони и трговски политики, олеснување на транспортот и почитување на постоечкото трговски договори“, рече премиерот Заев на прашањето кои се можностите за унапредување на регионалната соработка.

Генералното Собрание на ЕБОР, односно Годишните средби на банката, оваа година се одржуваат во Сараево, Босна и Херцеговина.