Со средствата од прогресивниот данок ќе се финансира мерката минимален загарантиран приход со која на примателите на социјална помош им се зголемува социјалната помош за 300%, вели министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Таа на прес – конференцијата во владата зборуваше и за сет на мерки со кои се решаваат дел од наталожените проблеми и се обезбедува стабилен и праведен пензиски систем.
Со оваа мерка директно влијаеме за намалување на сиромаштијата кај најранливите категории, но исто така создаваме и група на граѓани коишто ќе можат да бидат активирани и вклучени на пазарот на трудот, она што и е потребно на македонската економија. Дополнително воведовме образовен и детски додаток за повеќе од 60.000 деца затоа што детската сиромаштија е најскапа сиромаштија и Македонија не може да си ја дозволи истата“, рече министерката Царовска и додаде дека детски и образовен додаток ќе можат да користат и вработените лица што работат за минимална плата, рече Царовска.
Министерот Тевдовски пак смета дека од воведувањето на прогресивното фер оданочување во буџетот ќе се слеат околу 25 милиони евра.
Со нив ќе бидат финансирани мерки за намалување на сиромаштијата, односно за мерката минимален гарантиран приход со која освен што ќе се извлекуваат примателите на социјална помош од сиромаштија и ќе се подготвуваат за пазарот на трудот.
Comments are closed for this post.