Сведоци сме на тоа дека Владата на Заев предводена од СДСМ и ДУИ вети многу, не реализира речиси ништо. Ја прогласија 2019 година сосема на крајот за економска, а не гледаме никаков напредок, изјави денеска Трајко Славески,член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Досега фокусот беше ставен единствено само на промена на името и договор со Бугарија. А, гледаме кои се да речеме резултатите од тоа, речиси и да не ги гледаме. Членството во НАТО и во ЕУ се уште изгледа како далечна перспектива и секако ние работиме нели тоа да се случи што побрзо, но свесни сме дека проблемите на граѓаните не се решаваат автоматски со евентуалното членство во НАТО. Еве погледнете го примерот на соседна Албанија, таа е членка на НАТО веќе повеќе години но има огромни проблеми, нели со кои што се соочуваат нивните граѓани, изјави Славески.
Comments are closed for this post.