Сега секој може да го погледне предлогот на буџетот и мислам дека не е случајно што се наметна прашањето околу даночните приходи кои се укосница на вкупните буџетски приходи затоа што онаа надеж дека ќе има прилив на средства од други неданочни приходи кои беа спомнати мислам дека е преоптимистички. На пример продажбата на државен имот, некои претпријатија кои се спомнаа прашање е сега која е нивната вредност прво, ако се работи за загубари, која е вредноста на нашите железници кои се слепоцрево во Европа.Знаеме како функционираат и колкав ќе биде интересот, поштата која ја девастираме со години, се пропушти можноста една генерација односно пред 12-13 години да се продаде на заинтерсираниот инвеститор на канадските пошти и таа има многу мала вредност, истакна Трајко Славески, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување.
Тој во своето гостување зборуваше и за продажба на земјоделското земјиште каде потенцира дека треба да се преиспита зошто претходните влади имале цврст став дека земјоделското земјиште никако не треба да се продава. Славески во своето гостува му порача на Заев дека доколку продолжи со проектот за легализација на марихуаната штетата која ќе биде направена во македонското општество ќе биде многу голема.
Господине премиер идејата за продажба на земјоделско земјиште не е нова, но мислам дека треба да се провери дека владите во Европа и во земји кои што се претежно планиниснки на Балканот, како што е Република Македонија располагаат со скудно обработливо земјоделско земјиште, не предвидудаваат продажба на земјоделско земјиште затоа што со тоа може да ја продадете вашата сигурност за обезбедување на храна во иднина. Има големи земји на кои им е потребно, тука е Кина потребни им се големи површини на земјоделско земјиште, а се знае дека се што ќе се произведе тука оди за задоволување на нивните потреби, па јас препорачувам да се преиспита односно увиди зошто претходните влади до сега во изминатите 30 години имале цврст став дека земјоделско земјиште никако да не се продава.
Не би сакал да дискутирам доколку го терате проектот за легализација на марихуана за рекреативни цели вие ќе се соочите со жесток одговор на македонската јавноста и не би полагал никаква надеж за некои дополнителни приходи и поддршка на некои дејности како што се угостителство, туризам и така натаму затоа што штетата што ќе биде направена во македонското општество од таквиот либерален пристап за кои некои други земји се посредени, повоздржани ќе биде голема, додаде Славески.
Comments are closed for this post.