Хуавеј  објави дека приходите на компанијата за првиот квартал на 2019 година се зголемија за 39% до (26.81 милијарди долари), пренесува Ројтерс.

Со седиште во Шенжен компанија која е и најголем производител на телекомуникациска опрема во светот, исто така, информира  дека нејзината нето профитна маргина за кварталот е околу 8%, малку повисок во споредба со истиот период минатата година.

Сепак, Хуавеј не ја открива својата вистинска нето добивка.

Ограничените информации за резултатите доаѓаат во момент кога Вашингтон води остра кампања против Хуавеј, тврдејќи дека опремата на кинеската марка може да се користи за шпионажа, а кинеската компанија постојано го негираше ова.

Интересно е тврдењето на Хуавеј дека бројот на договорите за обезбедување на 5Г телекомуникациски капацитети се зголемија и покрај американската кампања. Производителот вели дека до крајот на март има потпишани 40 трговски договори со добавувачи.

Првиот пад во приходите на Хуавеј беше регистриран во 2018 година.