Инвестициската банка „Ситигруп“ суспендира банкар кој работел на висока позиција, поради тоа што наводно крадел храна од кантината за вработените , објави Би-Би-Си. Тој бил разрешен како шеф на тргување со високи приноси за Европа, Блискиот исток и Африка минатиот месец, а заработувал повеќе од 1 милион фунти годишно, вклучително и бонуси.
Според извештаите на медиумите, на кои се повикува Би-Би-Си, г-дин Шах, на возраст од 31 година, бил суспендиран по тврдењето дека земал сендвичи од кантина во седиштето на банката во Лондон.
Не е јасно колку пати се случило ова или во кој временски период се случило наводното однесување.
Ова не е првпат еден висок службеник на „Сити груп“ да биде казнет за наводно или докажано недолично однесување. Еден директор беше фатен постојано да избегнува да купи билет за воз на пат за Лондон.
Comments are closed for this post.