Владата го задолжи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во рамки на буџетските можности да пренамени пари од својот буџет за унапредување на работничките права на Шумската полиција како и исплата на додатоци и надоместоци на плати на овие работници, соопшти владината прес-служба.
Министерството за финансии, пак, ќе треба да обезбеди пари во Буџетот за 2021 година за таа намена во буџетот на Министерството за земјоделство.
Оттаму информираат дека владата ја разгледала и усвоила Информацијата за заштита и унапредување на работничките права преку колективен договор на овластените службени лица во Шумската полиција.
На предлог на МЗШВ, владата донела и одлука за утврдување на висината на референтните цени за извоз на флаширано вино, вино во буриња и вино во цистерни, која се утврдува според видот на пакувањето во кое се извезува виното, количината и дестинацијата каде се извезува.
Оваа одлука на владата е поврзана со барањето на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ). Овој синдикат бараше од Владата да ја измени уредбата за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плати и од неа освен медицинскиот персонал, полицијата и Армијата, да бидат изземени и вработените во судската полиција, царинската служба, инспекторите, затворската полиција и администрација, шумската полиција и пожарникарите.
Comments are closed for this post.