Засега нема ништо од најавите на владата дека ќе одговри позитивно на штедачите кои заглавија огромни суми пари во Еуростандард банка.
Вчера се одржа средба межу претставници на штедачите и премиерот зоран заев, на која се разгледувале можните опциии. Сепак извори во владата велат дека засега не можат да понудат законско решение за обешетување, затоа што и странските претставници имале став дека државата не треба да се меша во бизнисот на приватна банка.
Штедачите за тв 24 тврдеа дека решение мора да се најде зошто во прашање се доведени над 2000 компании и приватни коминтенти. Еуростандард банка е грабеж од 60 милиони евра што предизвикува колективна траума, во континуитет тврдат штедачите на банката.
Comments are closed for this post.