Неизвесна е судбината на 120 врработени во фабриката за хартија Пејпер Мил во Кочани. Тие утринава добиле известување од денес да не доаѓаат на работа. Производствениот процес целосно се стопира. Работниците се уште не се отпуштени. Се чека на конечна одлука од бугарскиот инвеститор.
Одлуката привремено да се затвори фабриката е донесена вчера, а причината за затварањето е што нема исплатливост за понатамошно работење ако како реагенс се користи метан, како што им е наложено од Инспекторатот, информира раководството. Тие реагираат и на фактот што Инспекторатот во предвид ги зема само негативните резултати, а не и анализите од другите две лабаратории кои покажале дека со користењето на палети се движат во граници на предвидените вредности..
Во изминатиот период фабриката беше посочувана како една од најголемите загадувачи во Кочани, Државниот инспекторат за животна средина и изрече казна од 20.000евра, нареди работниот процес исклучиво да се одвива на метан, а до средината на февруари да се вгради филтер со кој ќе се регулира испуштањето на штетни емисии во воздухот.
Comments are closed for this post.