Закупена е парцела со површина од 139.640 квадратни метри во ТИРЗ Скопје денеска е потпишан со германската фрмацевтска компанија Герешајмер која во повеќе фази треба да реализира објект од неколку десетици милиони евра во кој ќе работат 400 високостручни кадри.

Првата фаза треба да се реализира до крајот на декември годинава или најдоцна во првиот квартал од следната година.

На потпишувањето на договорот, покрај директорот на ТИРЗ Александар Младеновски и Оливер Бургел, извршен потпретседател на „Герешајмер“ задолжен за глобални операции, квалитет и набавки, присуствува  премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Герешајмер е светски позната компанија за производство на апликатори за инсулин, инхалатори за астма,… основана во 1864 година. Има 50 свои фабрики во 15 држави на четири континенти во кои работат 10.000 вработени што остваруваат 1,3 милијарди евра промет. Соработува со сите гиганти од фармацевтскиот сектор.