Од 1 јули започнува реализација на клучна мерка од Програмата на Владата предводена од СДСМ којашто обезбедува повеќе пари кај граѓаните.За првпат ќе се реализира поврат на 15 отсто од платеното ДДВ кај секој граѓанин.Со оваа мерка на крајот од секоја година кај граѓаните ќе се вратат околу 50 милиони евра.Просечно семејство на крајот на годината добива приход плус објаснуваат од СДСМ

 

Ако досега, државата само земаше пари од граѓаните, сега за првпат државата враќа пари  директно во секое семејство.Мерката за поврат на 15 отсто од ДДВ е последната во низата мерки кои обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети и кои како одговорна партија ги спроведовме за само 2 годиниМинималната плата се покачи од 9.000 на 12.500 денари.Ја укинавме радиодифузната такса и ја воведовме ефтината тарифа на струјата, мерка со која над 11 милиони евра завршуваат кај граѓаните.Социјалната помош е зголемена за 300%, односно од 3.000 на 10.500 денари. ДДВ-то за парното го намаливме од 18 на само 5%.Просечната плата е зголемена за над 2.000 денари а пензиите за над 800 денари.Земјоделците можат да вратат пари од персонален данок а со мерката зелена нафта над 200 милиони денари остануваат за 55 илјади земјоделци.Концептот „пари кај граѓаните“ е видлив и претставува успешен модел за подобар животен стандард, подобар живот на граѓанинте, раст и развој.ВМРО-ДПМНЕ 11 години земаше пари од граѓаните.  Ние како одговорна партија обезбедуваме повеќе пари назад кај граѓаните.