Една од клучните мерки на Владата предводена од СДСМ со која се враќаат парите кај граѓаните, започнува со реализација .Фискалните сметки во рака, за поврат на 15% од ДДВ.Преку проектот „Мој ДДВ“ вкупно околу 50 милиони евра завршуваат кај граѓаните на крајот на годината.Повратот на ДДВ од 15 отсто значи доход плус во семејниот буџет, задоволни се во СДСМ.
Едноставноста на постапката при користење на оваа мерка ја прави широко достапна. При тоа, секоја фискална сметка преку купување или користење на услуга граѓаните ја скенираат преку мобилниот телефон и ја испраќаат преку соодветна апликација направена за таа намена.
По низата мерки преку кои граѓаните веќе ги чувствуваат придобивките, Владата предводена од СДСМ продолжува со заложбите за поголем економски раст, повеќе пари во семејниот буџет на граѓаните и повисок животен стандард.
Comments are closed for this post.