Пратениците од парламентарното мнозинство, предводено од СДСМ, ги усвои законите кои ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата со месеци свесно и намерно ги блокираа. Поддршката за исплата на плати за месец февруари и март деновиве започнува да пристигнува кај граѓаните. Блокадите, лагите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата, одново се поразени. Разликата е очигледна, се вели во денешното соопштение на СДСМ.
„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ стори сѐ помошта што е обезбедена со мерките од Владата, да стигне до граѓаните на кои им е потребна, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата правеа сѐ законите да не се донесат, мерките да се одолговлекуваат и десетици илјади работници да останат без плати.
Уште еднаш се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата работат за сопствени интереси, на штета на граѓаните и државата. Затоа ВМРО-ДПМНЕ шест пати по ред е казнето од граѓаните на избори и уште долго ќе остане во опозиција“, соопшти СДСМ.
Comments are closed for this post.