Владата предводена од СДСМ изминатите 2 години посветено работеше на унапредување на земјоделството и покажа вистинска грижа за сите земјоделци.За прв пат по 11 години, имаме редовна, континуирана и неселективна исплата на субвенциите. Решени се сите проблеми на лозарите, велат од владејачката партија.
Над 1 милион евра се исплатени на 6.240 лозари, за дополнителната субвенција од 1 денар за килограм предадено грозје во регистрираните винарски визби. Со оваа се заокружи целосната исплата на субвенции за лозарството за мерките од 2018 година. Без доцнење, без селекција, без тактизирање се реализираа сите обврски спрема земјоделците.
Исплатени се и заостанатите долгови кон земјоделците. Така, од 1-ви јуни 2017 година па до сега се исплатени долговите од 2013, 2014 и 2015 година кои минатата власт не ги сервисирала навремено и ги пренаменувала кон непродуктивни трошоци.
Се исплатија 77 милиони денари на 2.048 лозари по основ на долгот што винарските визби го имаа кон лозарите во периодот од 2014 до 2016 година.
Лозарите кои имаат развоен потенцијал веќе добиваат поголеми субвенции за 20% за одржување на нивните лозови насади. Ако ја вкакулираме и поефтината нафта која земјоделците ја добија со зелените картички, ги намалуваме трошоците за производството, а се зголемува профитот при продажбата на грозјето.
Главен приоритет во земјоделството на Владата предводена од СДСМ и остануваат интересите на земјоделците и унапредување на земјоделството како клучна стопанска гранка.
Comments are closed for this post.