СДСМ и со петтиот пакет економски мерки продолжува со спас на работните места и градење на стабилна, развојна економија, што треба да обезбеди враќање на претходните стапки на економски раст меѓу четири и пет отсто.

Првата мерка од петтиот пакет е финансиска поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март 2021 година во вредност од 1 милијарда 920 милиони денари, со која ќе бидат опфатени 60.000 вработени.

Поддршката и овој пат ќе биде скалеста и ќе изнесува од 14.500 до 21.776 денари за месечна плата по вработен, во зависност од тоа која компанија колкав пад на приходи имала во текот на ноември и декември 2020 и јануари 2021 година споредено со ноември и декември 2019 и јануари 2020 година.

Како алтернатива на оваа мерка, на компаниите им стои на располагање и мерката број два односно кредити со 0% камати преку Развојната банка на Македонија за компаниите од дејностите туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организација на настани, приватните здравствени установи, како и за самостојните вршители на дејност и за приватните здравствени установи.

Во зависност од вкупниот обем на работа и зголемената добивка, компаниите ќе имаат можност да добијат скалесто неповратен дел од 30% до 50% од кредитот, а за реализација на оваа мерка предвидени се 615 милиони денари, односно 10 милиони евра.

Со финансиската поддршка за исплата на плати во претходните пакети, се спасени стотици илјади работни места и им се помогна на илјадници домашни претпријатија.

СДСМ како одговорна партија продолжува со вистинска грижа за граѓаните, за работниците, за компаниите, посветена на поддршка на домашната економија.