Во изборната програма 2016 на СДСМ главен столб беше да вратиме повеќе парите кај граѓаните. Тоа во изминативе две години го правиме постојано и на различни начини, велат од СДСМ.
„Веќе е реализирана мерката за враќање на евтината тарифа за елелектрична енергија која беше укината во 2012 година, а преку која денес се враќаат околу 15 милиони евра кај граѓаните. Денес, со мерката за намалувањето на ДДВ од 18 на 5% исто така се одвојуваат одредени средства, повторно кај граѓаните“, изјави Митко Андреевски, претседател на Комисија за енергетика на СДСМ.
За просечен стан чија сметка изнесувала 2.000 денари трошокот за парно вели тој ќе се намали за: 1.800 денари на годишно ниво за потрошувачите приклучени на мрежата на БЕГ, 3000 денари на годишно ниво за потрошувачите приклучени на мрежата на Скопје Север и 3.240 денари за потрошувачите приклучени на системот на Енергетика во Гази Баба.
„Во наредниот месец, пред почетокот на грејната сезона ќе следат дополнителни мерки кои ќе ги реализираме, заедно со Владата на Република Северна Македонија за повеќе пари назад кај граѓаните, а вооедно и ќе придонесеме за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух“, додаде Андреевски.
Comments are closed for this post.