ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да се помири со фактот дека парите на граѓаните веќе не завршуваат кај нивната фамилија, не се трошат на криминални тендери и сомнителни оф шор шеми за лично богатење на поединци,реагира СДСМ на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ
11 години ВМРО – ДПМНЕ ги контролираа и беа вклучени во различни бизниси во државата.Навикнати на таков однос, ВМРО ДПМНЕ се уште не можат да разберат свесни дека тоа време заврши и затоа продолжуваат со лицемерните соопштенија од луксузниот бел дворец изграден во време додека граѓаните осиромашуваа.
Не е точно дека фирми на вицепремиерот Кочо Анѓушев добивале тендери и од тоа профитирал, како што лаже ВМРО-ДПМНЕ.Вистината е дека ниту една фирма на на вицепремиерот Кочо Анѓушев не учествува на тендери и јавни набавки.Заврши времето на оф шор компании и шемите со фирми од Белизе. Денес сите компании имаат еднакво право и услови за учество на пазарот, а трговијата е слободна.Сите имаат еднаков пристап и можности за учество на јавен повик за тендер, доколку ги исполнуваат бараните услови.
Comments are closed for this post.