Зад мене е местото наменето за фабриката за електричен автомобил целосно произведен во Македонија за чијашто градба свечена церемонија се одржа на 13 август, пред точно 235 дена.Потпишаа договор за фабрика- инвестиција со фирма на бизнисмен близок до ДУИ. На денот на Рамковниот. И по 235 дена, ова е резултатот, покажа портаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Апсолутно ништо! Фрлија лопата, направија реклама и толку.
Нема ништо, празна нива посеана со лаги.

Според него, СДС и ДУИ се церемонијал-мајстори за промоција на проекти и инвестиции што потоа никаде ги нема.

Ковачевски и неговиот газда Ахмети сега треба да одговорат каде е фабриката? Каде се 890 работници? Каде се автомобилите произведени во Македонија?

Дали и колку ја чини Македонија овој скап пи ар, ако учеството во инвестицијата, државната помош била договорена на 45 милиони евра?

Дали државата исплатила дел од 45 милиони евра кон фирмата блиска до ДУИ? Дали и ова ќе заврши само како метод за испумпување на пари, а инвестиции воопшто да нема?

Ќе се послужам со пораките на Ковачевски од тука пред точно 235 дена:

Ова е иднината со СДС и ДУИ, и на индустријата и на заштитата на животната средина. Ова со нив е иднината и на образованието. Вакви инвестиции и вакви фабрики како оваа зад мене што не постои

Ова е сликата за влогот на СДС и ДУИ за идните генерации. Од лага во лага!

Велеа дека ОВА е “инвестиција што носи промени животот во локалната заедница, и дека ќе даде силен стимул на економијата и значајна референца за државата во привлекување на странски инвестиции”!