И годинава продолжува лошата пракса на слаба, односно катастрофална реализација на капиталните инвестиции.
Документот објавен на министерството за финансии, за извршување на Буџетот за јануари 2019- та година, покажува дека реализацијата на капиталните инвестиции во месец јануари изнесува 1,09 %.
Од Буџетот за 2019 година, за капиталните инвестиции се издвоени 26 милијарди денари или 418 милиони евра.
На презентацијата на Буџетот, економските министри заедно со премиерот, најавија економска година и сериозна реализација на капиталните инвестиции.
Во однос на капиталните расходи истакнаа дека полесно ќе се реализираат затоа што, за разлика од минатата година сега немало проблеми во проектните документации и претходни прашања за решавање.
Во фокусот, според премиерот, годинава ќе има изградбата на патиштата, железница, гасификацијата, инвестиции со јавни приватни партнерства и со концесии во повеќе области, како што се енергетиката, инфраструктурата, земјоделството
Инаку, во 2018 година Владата успеа да потроши само 65,6 % од парите што ги планираше за капитални инвестиции. Конечните податоци покажаа дека од ланскиот буџет за проекти од инфраструктурата, како патишта, железница, водоводи, канализации, брани, системи за наводнување и училишта биле потрошени 197 милиони евра што е најниска сума во последните 10 години, односно дека 2018 е најлошата година за капиталните инвестиции.
Comments are closed for this post.