Работодавачите имаат обврска да им исплатат регрес за годишен одмор, познат како К-15, на сите вработени во медиумите, потсетуваат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.
Оваа обврска на работодавачите произлегува од колективниот договор за приватниот сектор од 2015 година и изнесува минимум 9.610 денари. Регресот за годишен одмор им следува на сите вработени кои работеле најмалку шест месеци во календарската година што изминува, а доколку не се исплати работодавачите може да добијат парична или затворска казна, нагласуваат од ССНМ.
Посочуваат дека работодавачот во зависност од економско-финансиската состојба во медиумот може да утврди пониска сум за исплата на регресот за годишен одмор, но тоа не може да го стори без претходно да се консултира и да добие согласност од синдикатот на ниво на гранка.
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници има информации дека дел од медиумите во Македонија сѐ уште не го исплатиле регресот за годишен одмор и затоа апелира до новинарите и медиумските работници да се информираат со случувањата во врска со регресот за годишен одмор во нивната фирма и во случај да наидат на проблеми да го контактираат синдикатот за помош, апелираат од ССНМ.
Comments are closed for this post.