Дали во време на продолжување на работото  време и  појавувањето на се повеќе нестандардни професии на пазарот, може да се конкурира со друга логика – намалување на  работното време?

Во словенечката  компанија „Донар“ вработените работат само 6 часа дневно. Платата им останала иста, истовремено  се случиле и многу интересни промени.

Како што пренесува Ал Џезеира, намалувањето на работното време довело до  зголемување на ефикасноста на работниците кои станале и  покреативни.

Она што е директна последница од новото работно време,  во тоа претпријатие за производство за мебел е што работниците помалку се разболуваат.