Синдикатот на Volkswagen се изјасни против новиот погон во Источна Европа. Компанијата моментално планира изградба на нов производствен погон во источна Европа, а за нејзе се борат повеќе земји. Според пишувањето на германскиот весник “Bild am Zontag”, синдикатот на седница на Надзорниот одбор на пролет, ќе гласа против овој проект.
Работничкиот совет смета дека не постои потреба за инвестиција од повеќе од милијарда евра. Мислењето на ова тело кое ги застапува вработените во компанијата,е дека постоечките производни погони во европа не се во потполност искористени.
Според “Bild”,кој се повикува на интерни документи, Folksvagen анализира 10 локации во Романија, Србија, Бугарија и Турција за изградба на новиот погон. План е да се отвори нов погон во кој од 2022 би требало да стартува производствоѕп. Според планот , во новиот погон би требало да се произведуваат 350 000 возила годишно.
Инаку во изминатиот период , за тоа во која земја ќе инвестира оваа голема компанија се појавија многу шпекулациии – од тоа дека ќе инвестира во Македонија, до таму дека ја разгледува Србија, Бугарија и Турција.
Премиерот Зоран Заев пред еден месец изјави дека земјава лобира за влез на, како што рече, огромна германска инвестиција, но не го откри нејзиното име. Заев истакна дека за ова се заложил и кај советникот во кабинетот на канцеларката Анега Меркел.
Вицепремиерот Кочо Анѓушев пак рече дека најавите за влез на Volkswagen во земјава биле само шпекулации.
Comments are closed for this post.