Владата има амбициозна реформска агенда и можат да се забележат резултати не само во смисла на политички, бидејќи изгледите за земјата во однос на влез во ЕУ и НАТО се подобрени, меѓутоа и на економско ниво преку бизнисот, деловното опкружување, образиванието. Ние пружаме поддршка за сите овие процеси, истакна директорот во ММФ задолжен за Холандско-белгиската конституенца, Антони де Ланој во изјава за новинарите по отворањето на Состанокот на Холандско-белгиската конституенца на ММФ и Светска банка, чиј домаќин е Македонија.
Според него, состанокот на Конституенцата е одлична можност да ја изразат нивната поддршка за Северна Македонија и да ги пофалат реформите што во моментов се случуваат во земјата, а темата на самиот форум „Како капитализмот да функцинира за сите“ е навистина важна тема на која ќе дискутираат со колегите во Скопје.
Не би сакал да шпекулирам, меѓутоа разговорите за влез во ЕУ дефинитивно ќе се случат во еден момент. Се разбира, сепак, имаме позитивно сценарио пред нас. Пример за тоа е и економскиот раст кој постојано бележи пораст, рече Де Ланој на новинарско прашање како ќе се одрази на економијата на земјата ако во октомври не добие датум за преговори со ЕУ.
За него преминот од рамен данок во прогресивен данок, кој е воведен во нашата земја е еден позитивен чекор кон обезбедување еднаквост и оти ММФ, како што рече, во повеќе наврати тоа го препорачувал и го пропагирал.
Министерот за финансии Драган Тевдовски истакнувајќи го значењето на овој настан за промоција на земјата, рече дека темата на форумот е најважната после глобалната криза и целосно се поклопува со приоритетите на Владата, чија програма е поставена со цел животниот стандар да расте за мнозиснтвото граѓани и да се намалува нееднаквоста.
Ние досега преземавме многу различни чекори. Прво водиме фискална консолидација, го стабилизиравме системот на финансии во земјава, а од друга страна не само што го стабилизиравме јавниот долг, туку водиме политики што овозможија да се постигнат нашите главни цели. Со праведното оданочување обезбедивме дополнителни средства со кои што многукратно ги зголемивме социјалните трансфери за најранливите граѓани. Ние сме првата земја во регионот во која имаме минимален адекватен приход, рече Тевдовски на новинарско прашање.
Додаде дека платите во 2018 година растеа за скоро шест проценти што е многу повисоко од претходниот период, направена е реформа на системот на јавните набавки, а обезбедена е и фискална транспарентност.
На форумот поздравно обраќање имаше премиерот Зоран Заев кој истакна дека Република Северна Македонија преку спроведување на економски реформи и успешни фискални политики изминативе две години на дело покажува дека е посветена на градење праведно општество со еднакви можности и силна економија која ќе отвора шанси за сите.
Comments are closed for this post.