Пратениците во македонското собрание денеска треба да ја продолжат расправата за вториот ребаланс на Буџетот во кој се планирани средства за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки во висина од 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството за справување со последиците од здравствено-економската криза предизвикана од Ковид-19. Седницата, како што информира претседателот на Собранието Талат Џафери, продолжува во 12 часот. Власта и опозицијата, вчера на четвртиот ден од расправата продолжија со меѓусебните обвинувања за неопходноста на ребалансот и дали четвртиот пакет мерки ќе ги даде очекуваните резултати.