За првите три месеци од годинава реализирани се амо 6,2 отсто од капиталните расходи кои Владата ги предвиде за годинава. Бројките покажуваат дека продолжува катастрофалниот тренд на реализација на капиталните инвестиции, односно реализација на инвестиции наменети за патишта, железница, училишта, градинки. Од јануари до март за оваа намена се потрошено само 26,2 милиони евра, а за целата година се предвидени над 422 милиони евра.
Сепак и поквај ваквите бројки, премиерот Зоран Заев е оптимист и очекува економска година оти според него се градат патишта, гасификација и се инвестира во спортски сали и детски градинки.
Премиерот Заев вели дека се размислува за ребаланс на Буџетот , но заради одличните перформански на Буџетот и нови капитални зафати, но се зависи од политичката ситуација во државата. Ребалансот, како што рече Зарев е можно да се направи во текот на летото, а за подетални информации упатува на Министерството за финансии.
Реализацијата на буџетот се одвива со очекуваната динамика. Приходите се реализирани со над 21 процент, а вкупните расходи во трите месеци изнесуваат 801 милион евра што е 21,5 отсто од вкупно планираните.
Comments are closed for this post.