Инвестиции во знаење, стандарди, нови производи, едукации. Ова се едни од клучните  фактори кои треба да ги имплементираат  компаниите доколку сакаат да станат поконкурентни на странските пазари, односно да се вклучат во ланецот на добавувачи на странските компании.

За таа цел,  утре во организција на Македонската Aсоцијација на Mетална и Eлектро Индустрија – МАМЕИ и Делегација на Германското стопанство во Република Северна Македонија, ќе се одржи бизнис настан  Macedonia Manufacturing Expo 2019, со цел   странските  купувачи да остварат  соработка со домашни производни фирми од металната и електро индустријата кои би можеле да се вклучат во нивниот ланец на добавувачи.

Она што треба да е јасно за македонските компании е  дека тие треба да најдат нови интернационални компании  за кои што можат да станат добавувачи, а оваа година очекуваме 30  германски компании кои се во потрага по деловни партери во улога на добавувачи од Македонија, вели во интервју за Пресинг ТВ, Патрик Мартенс, директорот  на Делегацијата на германското стопанство.

Процесот да се стане добавувач за една компанија не е мал, но е секогаш исплатлив.  Минатата година беа реализирани 400 претходно закажани состаноци во еден ден и се надеваме дека и годинава ќе ја задржиме таа бројка. Kако резултат на минатогодишната конференција  се потпишани договoри од околу половина милион евра, вели Марта Наумовска-Грнарова, претседателка на МАМЕИ Асоцијацијата.